По деветчасовниот претрес на турските истражители во саудискиот Конзулат во Истанбул повикувајќи се на неименуван турски официјален претставник Си-Ен-Ен објави дека телото на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги е исечено на парчиња откако претходно бил убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул. Истото тврдење претходно беше објавено од „Њујорк тајмс”.
Неименуван турски официјален претставник не сакаше да коментира за начинот на отстранување на телото.
Американските медиуми претходно објавија дека Кашоги бил убиен за време на информативен разговор што излегол надвор од контрола.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.