Температурите на воздухот до крајот на денов и во текот на ноќта ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање и до утре изутрина ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, уште постудени утра ќе бидат следните кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степен. Максималните дневни температури во текот на следните неколку денови ќе бележат тенденција на незначително покачување и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.
Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево, повремено со умерена локална облачност а нова промена на временската состојба и врнежи ќе има од понеделник доцна попладне и навечер.
Да напоменеме дека до крајот на денов, и во текот на ноќта, особено Долж Повардарието ќе дува засилен студен ветер од северозападен правец кој локално и повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час.