Србите ни се чудат: Кога ќе дадеш 43 поени, а твојот тим ќе загуби со 22 разлика…

Тој што не го гледал синоќешниот меч меѓу Литванија и Македонија ќе помисли дека домашната репрезентација била убедлива и лесно стигнала до победа од 94-72.

Реалноста не беше таква бидејќи македонскиот национален тим беше конкурентен до средината на последниот квартал кога се повреди Ненад Димитријевиќ, а без него на теренот, Литванија направи 19-5 и дојде до висок триумф. Ефектот на нашиот најдобар кошаркар е изненадување за целиот регион и речиси нема извештај во кој Димитријевиќ не доби комплименти за своето издание.

Сепак, дел од регионалните медиуми се чудат како може еден играч да постигне 43, а остатокот од тимот само 29 поени и притоа репрезентацијата да загуби со 22 разлика. За Македонија ова не е прв ваков случај, пред околу четврт век на сличен начин играше и Петар Наумоски кога беше во зенитот на својата форма.

Пронајдете не на следниве мрежи: