Западните санкции кон Москва ќе го чинат Белград оваа година 600 милиони долари, изјави претседателот Вучиќ.
„Само со воведување санкции за руската нафта, Европската унија директно ни наштети со 600 милиони долари од џебот!“ рече тој на националната телевизија, нагласувајќи дека парите се земени од народот на Србија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот изјави дека неговата земја претрпела значителни загуби поради санкциите на ЕУ против Русија, особено за снабдувањето со нафта.
„Само со воведување санкции за руската нафта, Европската унија директно ни наштети со 600 милиони долари од џебот!“ рече тој на националната телевизија, нагласувајќи дека парите се земени од народот на Србија.
Вучиќ истакна дека нафтата од ирачкиот Киркук во моментов е поскапа за 31 долар за барел. „Ни зедоа 600 милиони долари, а ние сè уште треба да инвестираме дополнителни пари во гас“, рече тој.
Српскиот претседател истакна дека ситуацијата во глобалниот енергетски сектор станува се покомплицирана. „Ние де факто, но не формално, прогласивме вонредна состојба“, рече тој, додавајќи дека енергетските прашања „се решаваат на дневна основа“.
Минатата недела ЕУ одобри шеста рунда санкции кон Русија, која вклучува ембарго за нафта. Земјите-членки имаат шест месеци да го стопираат увозот на руска нафта или по море или нафтовод, и осум месеци да го прекинат купувањето на „други рафинирани нафтени деривати“. Сепак, ќе има привремено ослободување за земјите кои се повеќе зависни од руската енергија, како што се Чешка, Унгарија и Бугарија.
И покрај тоа што се соочува со зголемен притисок од Европската унија, Србија одби да се приклучи на антируските санкции и ги одржува врските со Москва. Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос минатиот месец рече дека Србија пред сè и основно ќе продолжи да ги следи своите „сопствени интереси“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.