Србија ги негира злосторствата извршени врз Албанците и по 25 години од крајот на војната, вели Курти


Косовскиот премиер во објава на Фејсбук вели и дека од само пет масовни гробници во Србија се ексхумирани телата на над 950 Албанци кои како цивили биле убиени во војната од 1998 до 1999 година

И по 25 години од завршувањето на војната во Косово, официјален Белград продолжува да ги негира злосторствата кои ги има извршено врз невини Албанци, вели косовскиот премиер Албин Курти. Тој вели дека владата на Косово никогаш нема да престане да бара расвелтување на вистината и правда за воените злосторства што ги има извршено Србија во војната.

„На 31 март 1999 година српските вооружени сили насилно влегоа во куќата на семејството Кумнова во Ѓаковица. Оттаму киднапираа шестмина цивилни мажи и момчиња: Албион Кумнова, Артан Ефендија, Гезим Дева, Лутфи Буњаку, Беким Буњаку и Шкелзен Биниши. Откако ги киднапираа, тие ги убија и исчезнаа. Србија ги украде нивните трупови, во обид да ги сокрие трагите од злосторството“,

напиша Курти.

Курти вели дека телата на убиените биле пронајдени во Батајница, во периферијата на Белград, а меѓу труповите не бил пронајден Албион Кумнова, кој тогаш имал само 21 година.

Тој рече дека никогаш нема да престанат да бараат правда за злоделата извршени од режимот на Слободан Милошевиќ и дека ќе останат посветени на откривањето на вистината.

„Денеска, на оваа годишнина, одбележувајќи го споменот на синот единец на семејството Кумнова, се сеќаваме на најомилените од многу семејства на нашиот народ кои беа киднапирани и насилно исчезнати од геноцидниот режим на Милошевиќ. Се поклонуваме пред жртвата за нашата слободна држава“,

заклучи Курти.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: