Србија: Tатко си ги снимал малолетните ќерки со мажи и ги продавал снимките, уапсена и неговата партнерка

Маж од Крушевац и неговата емотивна партнерка се уапсени под сомнение дека сториле кривични дела против сексуалната слобода на штета на неговите малолетни ќерки од претходните бракови, а Основното јавно обвинителство и полицијата сега имаат тешка задача да утврдат дали макро или принудил некој од нив на проституција, пишуваат српските медиуми.

Случајот е во фаза на преземање доказни дејствија, а се проверува дали сториле некое од кривичните дела: недозволени полови дејствија, дистрибуција на порнографски материјал или сексуална експлоатација.

,,Жена од султана” ги открива сите тајни на ромските веселби: „Добив бакшиш вреден еден автомобил“ (фото)
Пејачката Тијана Ем, која неодамна зборуваше за можна свршувачка со момчето со кое е во врска неколку месеци, сега отворено проговори за огромните суми на пари кои …
Продолжува мистеријата на урнатиот авион! Се огласија властите во Казахстан: Еве што откри истрагата (ФОТО)
Истрагата во Казахстан не покажа дека азербејџанскиот патнички авион што се урна во средата бил соборен од руската авијација, изјави сообраќајниот обвинител на областа Мангистау, Абилајбек Ордабаев.„Истрагата …

Полицијата истражува за да утврди дали има елементи за обвинение.

Случајот е исклучително сложен, пред се поради семејните врски меѓу осомничениот и наводните жртви.

– Обвинувањата се страшни и се уште не се целосно дефинирани. За работите да бидат уште пострашни, станува збор за ќерките на уапсените. Освен да се провери дали некој од нив е макро, треба да се утврди и дали можеби ги снимал додека наводно биле со мажи и ги дистрибуирал тие снимки. Засега интензивно се истражуваат сите околности за извршување на неколку наводни кривични дела – вели соговорник близок до истрагата.

Како што е познато, постапката е започната кога една од наводно повредените девојчиња и се доверила на мајка си, поранешната сопруга на осомничениот, која целиот случај го пријавила во полиција откако ќерката и кажала што и се случило. Тогаш се огласила ќерката на осомничениот од друг брак, односно полусестрата на жртвата.

Во меѓувреме, полицијата почна да ја проверува автентичноста на сите изјави, се сослушуваат сведоци, а ќе се вршат и дополнителни вештачења, не само психолошко психијатриско, туку ќе се проверуваат мобилните телефони и целата комуникација од социјалните платформи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.