Би сакал да му посакам добредојде на претседателот на Турција, убеден сум дека оваа посета ќе придонесе за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Денеска во приватен разговор разговаравме за сите важни теми, како и за проблемите со кои Србија и Турција се соочуваат поединечно, но и некаде заедно – рече Вучиќ.
Како што рече, се разговарало за европскиот пат на Србија и Турција, како и за други теми.
– Дознав и научив многу работи – изјави Вучиќ.
Добри економски односи
Вучиќ рече и дека разговарале за економијата, трговската размена.
Претседателот Ердоган рече дека целта е да се постигне размена од 5 милијарди.
Вели дека Турција е земја со која се градат важни односи и додаде дека Турција е голема и важна земја на светско ниво.
Тој рече и дека ќе се воспостави воена соработка меѓу двете земји.
– Реков дека во Србија има места кои опстојуваат благодарение на турските инвестиции – изјави Ердоган.
Претседателот на Србија рече и дека се разговарало за ситуацијата на Балканот, а Ердоган јасно зборувал за политиката на Србија за почитување на меѓународното право, разговарале за Босна и Херцеговина и нејзиниот суверенитет.
Вучиќ додава дека им е благодарен на Турција и на Ердоган за разбирањето, „и што сакаа да ги слушнат“.