Српската пејачка се уште не може да си дојде при себе- се огласи веднаш по драмата во Виена: Цел ноќ не можев да заспијам

Loading...

Вчера во Виена имаше терористички напад, а по тој повод се огласи и Драгана Мирковиќ која заедно со семејството живее во оваа метропола.
„Драги мои, бидејќи од вчера добивам многу прашања сакам на сите да ви порачам дека јас и моето семејство, како и оние ги познаваме, сите се добро“, почнува пејачката.


Таа во официјалното соопштение порача сите да се чуваат и да ги чуваат своите семејства.
„Многу сум потресена, цела ноќ не спиев гледајќи вести, а моите мисли и молитви се насочени кон настраданите во нападот во Виена и вакво нешто никогаш да не се повтори. Во овој момент сакам да ви порачам да се чувате себе и своите блиски. Ве сака Драгана“, заклучи Мирковиќ.

loading...