На административниот премин Мердаре денеска е уапсено лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово и Метохија, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
„Попладнево на административниот премин Мердаре е уапсено лице кое е осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово и Метохија. Станува збор за Тефик Мустафа, кој како припадник на ОВК во изјавите на сведоците бил именуван како учесник во киднапирањето на полицајците Горан Маринковиќ, Живојин Павиќ и Предраг Милошевиќ што се случи на 19 јуни 1999 година на автопатот Приштина-Гњилан, во близина на градот Лабљан, по што им се губи секаква трага“, рече Дачиќ.
Осомничениот ќе биде предаден на Обвинителството за воени злосторства, додаде тој, јави Танјуг.