Српскиот претседател Николиќ согласен да се отворат трезорите на Тито

Српскиот претседател Томислав Николиќ е согласен да се отворат трезорите во српската централна банка во кои се чува оставината на поранешниот југословенски комунистички лидер Јосип Броз Тито, а на отворањето по довод оставинската постапка којашто ја води семејството Броз, ќе присуствува советникот на Николиќ, Оливер Антиќ.

 Во трезорот, како што претпоставуваат адвокатите на членовите на семејството Броз, во 11 вреќи би требало да биде се што по смртта нa Јосип Броз Тито е затекнато во неговата вила во белградската елитна населба Дедиње, меѓу другото и шесте последни негови претседателски плати, авторските хонорари за книгите, и непознато но се претпоставува не многу големо количество злато и накит.
Оставинската постапка по смртта на поранешниот доживотен претседател на поранешната СФРЈ се води во српската престолнина Белград, а во кабинетот на српскиот претседател, според толкувањето на советникот Оливер Антиќ, се смета а правен наследник на поранешното претседателство на СФРЈ и на почетокот од седницата упатило соодветен допис до судот во Белград, кој ја води оставинската постапка.
„Изразивме, како правен наследник на претседателството на СФРЈ, согласност да се отворат депоата. За претставникот на претседателскиот кабинет кој ќе присуствува на отворањето, по разговорите со претседателот Николиќ, одреден сум јас” потврдил Антиќ за весникот Вечерње новости.
Правниот застапника н синот на Тото, Мишо Броз и внуката Златица, потврдил дека во договор со централната банка треба да се одреди датумот на отворање на сефот и за тоа ги известиле сите учесници во оставинската постапка.
Медиумите веќе со години нагаѓаат дека значителен дел од оставината на Тито, особено уметничките дела и многу подароци коишто ги добил во повеќето децении од други светски државници, е опустошен и дека по неговата смрт многу скапоцености исчезнале и не се знае кај кого се во моментов. Се проценува дека станува збор за вредност од неколку десетици милиони американски долари. Во јавноста и натаму се спори кој дел од наследството треба да припадне на титовата вдовица Јованка Броз.
Макфакс
Српскиот претседател Томислав Николиќ е согласен да се отворат трезорите во српската централна банка во кои се чува оставин

Пронајдете не на следниве мрежи: