Српските увозници на автомобили лути заради субвенционираната продажба на „фијат 500 л“

Српското здружение на увозници на автомобили остро протестираше против одлуката на државата со субвенции во висина од 3.000 евра да помага при купување на „фијат 500 л”, модел што се произведува во Србија.

„Сметаме дека тоа не е фер пазарен натпревар. Фијат не ни е трн во окото, но само бараме исти услови на пазарот”, изјави Милош Петровиќ, претседател на српското здружение на увозници на автомобили и делови, пренесуваат во сабота српските медиуми.
Првите луѓе на оваа асоцијација напомнуваат дека „не е проблем тоа што автомобилот е поевтин за 3.000 евра и што даночните обврзници тоа го плаќаат”, туку заради тоа што „каматната стапка од три отсто е двојно помала отколку најниската каматна стапка за сите автомобили на пазарот”, што на купувачите им овозможува дополнителна заштеда на камата од 1.000 евра.
Makфакс
Српското здружение на увозници на автомобили остро протестираше против одлуката на државата со

Пронајдете не на следниве мрежи: