Српски пратеник: Вучиќ криејќи се зад Брнабиќ нема да спречи да се зборува за жртвите во Нови Сад!

Расправата за Предлог-буџетот на Србија за 2025 година денеска требаше да се најде на дневен ред на српското Собрание заедно со уште 50-тина точки, но расправата не се одржа, откако пратениците и дел од министрите физички се судрија. Обезбедувањето ги раздвои, а неколку пратеници го продолжија конфликтот со грабнување навредлив транспарент кој пратеничките од мнозинството го закачија на балконот од Собранието.

Брнабиќ паузираше, па ѝ се обрати на јавноста, па влезе во собраниската сала и за неколку минути, опкружена со силни поддржувачи и неколку пратеници од опозицијата, за само неколку минути прочита 68 точки од дневниот ред, меѓу кои е расправата за буџетот за 2025 година.

За сето тоа време претставниците на опозицијата свиреа и вувузели и извикуваа „убијци“. По седницата без дискусија, дел од опозицијата оценија дека денешната седница е „стечај во парламентарниот живот на Србија“, а дека „денешната седница е претворена во фарса“.

Пратеникот Срѓан Миливојевиќ рече дека пратениците од опозицијата нема да одговорат на „простаците и насилството“, туку дека ќе го бранат секој граѓанин од корупција и насилство.

„Вучиќ, криејќи се зад кукавичлукот на Брнабиќ, нема да ја спречи опозицијата да зборува за одговорноста на жртвите во Нови Сад“, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: