Вљубеничка во производи за самопотемнување, веќе неколку пати доживеала катастрофа, но никогаш ваква поради која станала хит на социјалните мрежи.
Дени Брус купила спреј со најтемна нијанса и го нанела по целото тело.
Наскоро почнала да забележува дека нешто чудно се случува, односно дека нејзината кожа од темна станува зелена.
Се фотографирала и ги објавила сликите на социјалните мрежи со предупредување до останатите да не го купуваат тој производ, а на Фејсбук објавила дека се обратила до произведувачот, но не добила никаков одговор.
Светските медиуми пишуваат за оваа девојка и ја споредуваат со Шрек.