Најдобриот македонски фудбалски судија, Александар Ставрев, во четврток ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Челзи и Спарта Прага.
Помошници на Ставрев, на овој натпревар ќе бидат Марјан Кировски и Дејан Костадиновски како аут рихтери, четврти судија ќе биде Душко Милошевски, додека Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски ќе стојат до головите. Челзи и Спарта ќе го одиграат реванш натпреварот во рамките на 1/16 финалето во Лига Европа. Во првиот меч, одигран пред една недела, Челзи победи со 1:0. Ставрев на овој натпревар ќе влезе во историјата на македонскиот фудбал, бидејќи тој ќе стане првиот Македонец кој ќе суди во Англија.
Макфакс
Најдобриот македонски фудбалски судија, Александар Ставрев, во четврток ќе биде главен судија