Стара јапонска метода која денес е сè уште популарна кај оние кои сакаат да ослабат без диети

Поминаа повеќе месеци од новогодишните резолуции кои започнуваат со „губење на тежината“, „диети“ и сл. Откако едвај издржавте првите недели, се откажавте од планот и се вративте на почетокот?
Што ако ви кажеме дека можете да изгубите тежина и сепак да ја одржувате идеалната тежина без диети? Изгледа како невозможна мисија? Решението лежи во старата јапонска традиција Хара Хачи Бу.
Првично овој метод не бил наменет за одржување на линијата
реклама
Името звучи комплицирано, но всушност ова е многу едноставен метод на јадење што станува популарен и надвор од Јапонија. Овој метод, заснован на конфучиската мудрост, вели дека треба да престанеме да јадеме во моментот кога чувствуваме дека стомакот ни е полн 80 проценти.


Интересен факт е дека жителите на јапонскиот остров Окинава со генерации се придржуваат на овој метод, а статистички тие се едни од најстарите жители на Земјата.
Се разбира дека Хара Хачи Бу не бил првично создаден како метод за слабеење. За време на неговото создавање, преовладувал недостиг на храна и честопати се водела борба за живот. Недостигот на храната во Јапонија повеќе не е проблем, но некои жители сè уште се придржуваат кон овој метод.
Дозволени се сите видови храна
Предноста на овој метод не е само што со намален внес на храна автоматски губиме тежина, туку со помош на него започнуваме подобро да го слушаме нашето тело. Поради прекумерното внесување калории, го губиме допирот со нашето тело и тешко можеме да препознаеме кога всушност сме гладни, а кога јадеме само од досада.
Јадеме кога не сме гладни, го губиме вистинското чувство на глад и така, за жал, се вртиме по круг. Со помош на методот Хара Хачи Бу, со тек на време ќе научиме да го слушаме нашето тело и да јадеме кога навистина сме гладни.
Како прво, треба да јадете свесно, што значи дека храната не се консумира брзо, додека гледате серија или сурфате на интернет. Треба да бидеме свесни за секој залак, да уживаме во храната и да застанеме кога ќе ги почувствуваме првите знаци на ситост.
Овој метод можеби нема да има непосреден ефект, ниту ќе ги стопите килограмите за неколку недели, но дефинитивно е поздрав начин кој има долгорочен ефект.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.