Унгарскиот весник „Непсзава“ повторно побарал мислење од „Стејт Департментот“ за случајот со поранешниот премиер, Никола Груевски по добивањето на политички азил од страна на унгарските власти, пренесе „Унгарија денес“.
Стејт Департментот одговори дека обрнува посебно внимание на случајот со Груевски, особено по добивањето на азилот. Оттаму ја повторуваат претходната позиција, посочувајќи дека поранешниот премиер е осуден на две години казна затвор во транспарентен правен процес и треба да одговара во својата земја.
„Груевски е обвинет за уште четири кривични дела. Веруваме дека судските постапки во Македонија треба да продолжат и Груевски да одговара во рамки на македонскиот правен систем“, додава „Стејт Департментот“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.