Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка со височина од 10 до 30 сантиметри, а на планините позначителна, над 50 сантиметри. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Утринската температура ќе се движи од – 10 до – 3, а дневната од – 5 до два степени над нулата.
И во Скопје слично време, умерено облачно со врнежи од снег. Утринската температура ќе се спушти до – 7, а дневната ќе достигне до – 1 степен Целзиусов.
Од петок не очекува стабилно и суво време со ниски утрински температури, а по котлините ќе има услови за појава на магла.