Стогодишен милијардер сè уште секој ден доаѓа на работа

Најстариот милијардер во светот Чанг Јун Чунг од Сингапур има 100 години, но секој ден оди на работа, бидејќи, како што вели дома му било многу здодевно.
Иако ја предаде улогата на извршен претседавач на својот син Тео Сионг Сенг, Чанг вели дека одењето на работа е негова навика.


– Секој ден ги запишувам моите активности во дневник, вели Ланг и дополнува дека претставниците на сите оддели доаѓаат да го видат. За него, тоа е начин за умот да му биде активен и да остане во контакт со компанијата за изградба на бродови, која ја основал во 1967 година.
Тео вели дека татко му го научил дека луѓето треба да ве послушаат не поради авторитетот, не поради моќта или затоа што сте сурови, туку поради интегритетот и квалитетот ќе ве почитуваат, а потоа и послушаат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.