Стојанче Стоилов веднаш по враќањето од Турција замина на операција. Македонскиот репрезентативец денеска е опериран во „Аџибадем Сиситина“ и според информациите до кои дојде „Спортмедиа“, големиот борец се чувствува добро.
Стоилов уште еднаш покажа зошто е икона на македонскиот ракомет и ја заслужува сета почит, одлучи и покрај проблемите со коленото да настапи против Турција, одигра храбро, машки без да се штеди.