На 2 и 3 јуни годинава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет ќе ја посетат нашата земја. За време на дводневниот престој во земјава Столтенберг и членовите на Советот ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.
Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.