Столтенберг: НАТО не сака војна со Русија, но можна конфронтација би траела со децении!

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика членките на Алијансата да се подготват за конфронтација со Русија што може да трае со децении и да го зајакнат својот воен потенцијал, пишува весникот „Велт“.

„НАТО не се стреми кон војна со Русија. Сепак, треба да се вооружиме за можна конфронтација која може да трае со децении“, рече Столтенберг.

Тој повика на зголемени и побрзи нарачки за европските одбранбени компании. Според Столтенберг, во услови на пазарна економија, на производителите на оружје им требаат потпишани договори за да можат да го зголемат производството.
„Потребно е побрзо да се обнови и прошири нашата индустриска база за да можеме да ги зголемиме испораките во Украина и да ги надополниме нашите залихи“, нагласи генералниот секретар на Алијансата.
Како што заклучи, најдобра заштита во овој момент е поддршката на Украина и инвестирањето во воениот потенцијал на НАТО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.