Статус на Филип Петровски во кој на свој начин ја коментира состојбата во државата по промената на власт од мај годинава…
Сто дена стагнација со Влада на Мицко (краток осврт на фијаското во само 11 точки):
1. Албанија, земја во која имаше граѓанска војна, и беше херметички затворена во 90’те те престигна и се одвои на патот кон ЕУ;
2. Бојко Борисов со кој беше коска до пред малку, ти е крив зошто имаш други интереси за Коридорот 8;
3. Да успееш да се испокараш со сите соседи освен со Србија која не нарекува најчесто „Бановина“;
4. Да ти бегаат криминалци барани од Интерпол и никој да не е виновен;
5. Коалиција која се базира на изјави „со среќа”;
6. Да поставуваш директори на СДСМ кои сам си ги плукал на пресови, а денес ти се коалиција со Максо;
7. Да посетуваш Владини институции на кој си претседател и тоа да е настан број еден тој ден;
8. Кога спиновите за неспособноста на твоите кадри ти се за Бисера и Љупчо;
9. Кога личното обезбедување тепа и хара низ Скопје, за ден подоцна да планираш да ги поставуваш за шефови на елитните единици;
10. Кога на подкаст ќе им уринираш во лице и цинично се смееш за се што си ветувал 8 години, а за тоа те гласале најголемите патриоти;
11. Се разбира кога наеднаш ќе те „болат колената“ за 5000 евра.
Но, јас знам, ти знаеш дека се е поубаво кога се потпевнува #Заветна
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.