Верниците лежат на под и врескаат,а убиецот не престанува да пука!!! На Твитер се појави видео во кое се снимен страшниот масакр направен во џамијата во Нов Зеленд.
Во терористичкиот напад на џамиии загинаа 49 лица, од нив дури 30 на едно место, а повеќе од 60 верници се повредени. Напаѓачот за цело време на нападот на џамиите се снимал и видеото го пренесувал во живо на социјалните мрежи.
Напаѓачот кој е идентификуван како Брентон Тарант се снимал од моментот на подготовката, па се до влегувањето во просторијата во кој го направил масакрот. Во видеото може да се види како верниците паѓаат на земја, ползат и бегаат, но убиецот нема милост кон никого.