После долго време македонската пејачка се огласи на Инстаграм и ги информираше фановите за своите планови.
Антониа ситно брои до породувањето, па призна дека малку е исплашена од она што ја чека.
Малото и слатко девојче порасна во убава и зрела девојка, која веќе го очекува своето прво дете.
Антониа Гиговска ја освои публиката уште веднаш штом се појави, а голема популарност стекна со учеството во музичкото шоу Пинкови ѕвездички.
Иако е релативно млада, може да се пофали дека на свои 22 години има кариера каква посакуваат многу пејачи кои подолго од неа се на сцената.
Доста е активна и на социјалните мрежи, каде пон екогаш знае да сподели и детали за својот приватен живот.
Од пред извесно време е во брак со колегата Роберт Спасенцовски, со кој го очекуваат нивното прво дете.