Како што пренесува Си-Ен-Ен пет лица загинаа, а едно се води како исчезнато по сударот на два хидроавиони на Аљаска.
Несреќата се случила во 13 часот по локално време кога двата авиони летале во близината на Кечикан. Тие биле авиони кои можеле да слетаат и на вода. Во едниот имало 10 лица и членовите на екипажот, додека во другиот 4 патници и пилотот. Загинале сите четири патници и пилотот од вториот авион, додека од првиот авион на девет лица им била пружена лекарска помош. Не се знае каква е ситуацијата со десетиот патник и со пилотот.