Страшни бројки доаѓаат од Бразил: Уште 16.389 заразени со вирусот, 363 лица починаа

Во Бразил, во последните 24 часа биле регистрирани 16.389 нови случаи на коронавирус, а други 363 лица починале, објави Министерството за здравство на таа земја.

Според Ројтерс, во Бразил се регистрирани вкупно повеќе од 4,5 милиони случаи на коронавирус, додека досега починале скоро 137 000 луѓе, пренесува Танјуг.

 Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени со вирусот корона, по САД и Индија, и втор по бројот на смртни случаи, по САД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.