Страшно невреме во Кавадарци

Поројните дождови предизвикаа поплави во подрумските простории на станбени, но и деловни простории
Силно невреме со пороен дожд и грмежи вчера го зафати и регионот на Кавадарци.

Страшни видео снимки се споделуваат по социјалните мрежи од поројните дождови кои предизвикаа поплави во подрумските простории на станбени, но и деловни простории.

Врнежите предизвикаа и проблеми во сообраќајот поради тоа што беа поплавени дел од сообраќајниците.

Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми по синоќешните врнежи на територија на општина Кавадарци.
– Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец” со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20 работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории, изјавија од јавното претпријатие „Комуналец“.

Се огаси и градоначалникот, Митко Јанчев. Тој сподели видео на фејсбук и на објавата запиша:

Страшно невреме во Кавадарци

– Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони.
Се замолуваат граѓаните да бидат внимателни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.