Струга денес остана без вода

Струга и околината останаа без вода за пиење, поради оштетување од гром на трансформаторот од кој се снабдуваат со електрична енергија пумпите во селото Шум.
Меѓуопштинското јавно претпријатие “Проаква” апелира на трпеливост кај граѓаните и да преземат мерки да имаат вода за пиење и за основните потреби до санирање на дефектот.
– Нашите екипи заедно со екипите на ЕВН Македонија се на терен и прават максимални напори да го поправат трансформаторот, кој ноќеска беше погоден од гром, за побрзо нормализирање на снабдувањето со вода на градот и околината, информираат од МЈП „Проаква” Струга.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.