СТРУЖАНКА Е ПРЕГАЗЕНА НА РАСКРСНИЦА ВО ОХРИД – Со тешки повреди е пренесена во болница

Стружанка синоќа е тешко повредена во сообраќајна несреќа во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила кога на крстосницата на булеварот Туристичка и улицата Дејан Војвода во Охрид на неа удрил „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки. Возилото го управувал З.С.(43) од село Лешани, општина Дебарца.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С. (43) , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид – информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Пронајдете не на следниве мрежи: