Од „ЕВН Македонија” информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Аеродром, Чучер Сандево, Сарај и Ѓорче Петров.
Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Пандил Шишков бр. 8.(општина Аеродром), од 9 до 14 часот корисниците од дел од село Глуво (општина Чучер Сандево), од 9 до 14 часот корисниците од дел од селото Кондово (општина Сарај) и од 10:30 до 13 часот корисниците од ул. 1596, ул. Кузман Шапкарев и дел од ул. Ѓорче Петров во околината на Болница – Свети Лазар (општина Ѓорче Петров).