СТУДЕН ТУШ ОД ВАШИНГТОН Саливан: Не е време Украина да влезе во НАТО

Украина официјално поднесе барање за влез во НАТО како воен партнер во петокот, што се совпадна со церемонијата во Москва каде што рускиот претседател Владимир Путин потпиша документи за припојување на самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики, регионите Керсон и Запорожје кон Русија.

Саливан: Не е време Украина да влезе во НАТО

Барањето на Украина за влез во НАТО треба процедурално да се разгледа во друг момент, изјави советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, пренесува Euronews.

– Според нас, сега најдобар начин да се поддржи Украина е преку практична поддршка „на терен“, а процесот во Брисел треба да се преземе во друго време – изјави Саливан пред новинарите во Белата куќа, пренесе ТАСС.

Украина официјално поднесе барање за влез во НАТО како воен партнер во петокот, што се совпадна со церемонијата во Москва каде што рускиот претседател Владимир Путин потпиша документи за припојување на самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики, регионите Керсон и Запорожје кон Русија.

Америка е целосно подготвена со нашите НАТО сојузници да ја брани секоја педа од територијата на НАТО. Секоја педа – рече американскиот претседател Бајден во изјавата во петокот во Вашингтон, истакнувајќи дека Москва треба да ја сфати оваа порака буквално.

Доколку се прифати барањето на Киев за членство, силите кои се во НАТО алијансата формално би биле вовлечени во војната во Украина и директно би се спротивставиле на руската армија, што потенцијално би довело до ескалација на конфликтот, забележува Еуроњуз.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во петокот изјави дека иако го поддржува правото на Украина да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор, сите 30 членки треба да постигнат консензус за тоа.

Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Украина, како одговор на руската анексија на дел од нејзината територија, поднела формално барање за забрзан пристап во НАТО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.