Судијата свиреше крај во 88. минута-со причина, но тажна

Овој викенд во Португалија на мечот од јуниорските екипи на “Брага“ и “Бенфика“ се случи тажна сцена, по што натпреварот заврши во 88-та минута.
Тренерот на “Брага“ со солзи во очите побара од судијата да се прекине дуелот бидејќи во сообраќајна несреќа загинала мајката на еден од неговите играчи. Мајката на Давид Веига, Сандра Пинто, го загубила животот  на само неколку километри од стадионот, одејќи да го гледа синот.
Судијата без размислување отсвири крај на мечот, а веднаш потоа и 19-годишниот Веига ја дозна тажната вест. Во автомобилот бил и таткото на талентираниот фудбалер. Тој уште е жив, но е во критична состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.