Судот одреди притвор за Јанакиески и седуммина осомничени, за двајца мерка за претпазливост

Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и седуммина осомничени во предметот познат во јавноста како “Шпански скали“. Од Основниот суд Скопје 1 вечерва информираат дека за две осомничени е одредена мерка за претпазливост додека за останатите осомничени е одредена мерка притвор од 30 дена.
– Судот смета дека се исполнети условите од член 165 став 1, точка 1 и 2 задел од обвинетите и точка 1, 2 и 3 за другиот дел од обвинетите, односно опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да се повтори делото, стои во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.