Судот за тешки кривични дела во Тирана го обелодени убиството на македонскиот државјанин бизнисменот Ремзи Хоџа се наведува во одлуката долга 180 страници и притоа како единствен виновен се посочува шефот на албанската тајна служба –SHISH, Илир Кумбаро кој е во бегство.Во одлуката која ја објавуваа весникот Gazeta shqiptare се наведува дека Хоџа пред 18 години во Тирана бил грабнат од страна на припадниците на SHISH и бил притворен, а по големите измачувања во еден импровизиран затвор тој починал.Судот наведува дека Хоџа бил грабнат од страна на тајната полиција под сомнение дека бил српски шпион.Исто така, во одлуката се наведува дека имало сомнежи дека Хоџа бил замешан и во атентатот врз македонскиот претседател Киро Глигоров од октомври 1995 година.Во објаснувањата што во одлуката се дадени во врска со сомнежите околу замешаноста на Хоџа за атентатот врз Глигоров се вели дека еден од уапсените бил и Абдул Лошај, кој бил осомничен дека работел против интересите на Албанија заедно со Ремзи Ходза и Зисо Кристопули.Албанскиот агент Кумбаро сметал дека Хоџа бил замешан во атантатот врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Но, во испрашувањата Хоџа, Лошај и Кристопули негирале вмешаност околу атентатот врз Глигоров и негирале дека се соработници на тајните српски служби, по што следела голема тортура.Скопскиот бизнисмен Ремзи Хоџа исчезна во Албанија во 1995 година. Синот Ардиан Хоџа неодамна понудил награда за оној што ќе открие каде е закопан татко му, кој во 1995 година беше киднапиран и убиен во Албанија.
МакфаксСудот за тешки кривични дела во Тирана го обелодени убиството на македонскиот државјанин бизнисменот Ремзи Хоџа