Судот ја испрашуваше мајката: Kога сопругот ви кажа дека Вања е киднапирана?!

Денеска во Кривичнот суд во Скопје се одржа второто рочиште за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Откако заврши со прашањата обвинителството, адвокатот на таткото на Вања и адвокатот на Љупчо Палевски – Палчо неколку прашања постави и судот.

Судијата – кога александар ви кажа дека Вања е киднапирана?

Мајката на Вања- Не знам точно, сабајлето валда не, не сум сигурна дали во автомобилот, следниот ден почна веќе да кажува

Судијата – може попрецизно да кажете што рече?

Мајката на Вања – Тврдеше дека е киднапирана, јас прашав зошто, полицијата го прашуваше зошто би била киднапирана, ме прашаа и мене зошто мисли дека е киднапирана, јас мислев дека не сака да поверува дека избегала. Конкретно не знам да ви кажам, попладнето на 27ми кажуваше дека е киднапирана, а утрото не можам да потврдам дали и тогаш кажа, кажуваше и во текот на наредните денови. Јас во еден момент се развикав пред полицијата, прекини да викаш киднапирана, полицијата има различна терминологија, ако некој од улица ја земал е прелажана, јас со никој не сум се замерила.Викаше дека ништо друго не може да биде.

Судијата – колку пари орочивте од продажбата на сттанот и колку станови ви останаа?

Мајката на Вања – 30.000 евра, уште два стана ми останаа.

Пронајдете не на следниве мрежи: