Суеверија во кои сите веруваме без да се запрашаме „Зошто?“

И покрај тоа што живееме во 21-ви век, суеверијата и верувањата на постарите генерации ни се наметнати во модерното секојдневие.
На пример, колку пати досега сте го промениле правецот на движење, откако патот ви го пресекла црна мачка?

Или, колку пати сте сакале да се вратите по ситницата која ја заборавивте дома, но верувате дека не е убаво да се враќате штом еднаш излезете низ вратата?
Ова се дел од суеверијата во кои верувале или не, веруваат поголем дел од луѓето, иако никогаш нема да признаат:
Бебето не смее да го покажуваш и изнесуваш надвор првите 40 дена


Порано, се верувало дека детето се заштитува од злото со тоа што 40 дена ќе се чува дома. Скептиците потоа го променија ова во со здравствени причини, „за да стекне имунитет.“
Не поминувајте под бандери во облик на буквата А


Луѓето веруваат дека аглите ја собираат негативноста, а кој и да помине под аголот во случајов на бандерите, ќе му се пренесат лоши работи.
Никогаш не се враќајте дома, кога еднаш сте излегле


Дури и да си го заборавите мобилниот телефон, не смее да се вратите по него. Враќањето дома може да значи пречка во позитивниот тек на настаните во текот на целиот ден, ако верувате во вакви работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.