Откако се роди принцот Хари, принцот Чарлс се пошегувал на еден специфичен начин, само што не очекувал дека тоа ќе го скрши срцето на принцезата Дајана и ќе ги повреди нејзините чувства.
Пред да се разведат Чарлс и Дајана, семејниот живот со нивните синови изгледал прилично блажен. Но сега веќе сите знаат многу повеќе детали. Проблемите се појавиле многу пред самиот развод.
Случката која го започнала расколот меѓу нив се случил уште на роденденот на принцот Хари. Работите наводно биле поврзано со фактот дека Чарлс многу сакал ќерка.
„АОЛ“ пренесува дека Чарлс очајнички сакал девојче, но Дајана знаела дека ќе добие син. Изворите велат дека таа тајно го чувала полот на своето дете, но пота кога Хари бил роден, Чарлс реагирал на посебен начин.Неговите зборови и го скршиле срцето.
-Чарлс отсекогаш сакал ќерка, се сеќавала Дајана низ ретроспектива.
-Хари беше момче , а неговиот прв коментар беше: О боже, момче е. Има дури и црвена коса.
Принцот Чарлс очигледно мислел дека ваквиот коментар ќе го сфати како шала, но Дајана не го сфатила така, па наводно случката успеала уште повеќе да ја оддалечи.