Драматична порака од Бенјамин Нетанјаху: Европа е следната ако не го уништиме Хамас

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, предупреди на заканата од исламистите во Европа, велејќи дека континентот ќе биде следната мета откако палестинската милитантна група Хамас започна напад врз Израел на 7. октомври.

„Вие сте следните, сфатете го тоа. Германија, Европа. Хамас е дел од терористичката оска на Иран, Хезболах, Хути и други. И нивната цел е да го водат прво Блискиот Исток, а потоа и целиот свет во ерата на варварството, мрачниот век на средниот век. Тоа е она што тие го сакаат. И ако луѓето сè уште не го сфатиле тоа, треба. Нема да исчезнат доколку не ги победиме“, изјави Бенјамин Нетанјаху во интервју за германскиот весник Bild.

Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во Македонија се 50 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови …

Тој додаде дека има моменти во историјата на цивилизацијата „кога цивилизираните луѓе треба да заземат став“.

„Исто како што се случи против нацистичкиот режим, против ИСИС и против Ал Каеда. Тоа мора да се направи и против Хамас и терористичката оска предводена од Иран. Ако паднеше Блискиот Исток, Европа ќе беше следната, вие ќе бевте следниот. Во моментов сме на првата линија на нашата заедничка цивилизациска војна против варварите“, тврди премиерот на Израел.

Според него, Израел нема друг избор освен да го уништи Хамас.

„Ако сакате мир, уништете го Хамас. Ако сакате безбедност, уништете го Хамас. Ако сакате поинаква иднина за Израелците, Арапите, Палестинците и сите останати, уништете го Хамас“, заклучува Бенјамин Нетанјаху.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.