Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, мораш самиот да продожиш понатаму (ВИДЕО)

Екс-сопругата на Кајмакоски за првпат прозборе за разводот и откри дека влегува во музичките води
По разводот од сопругата Кристина Димитриевска (23) на почетокот на годинава единствено што се слушна беше од поп-пејачот Даниел Кајмаковски (35), победник на првата сезона на шоуто на таленти “Икс -Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015-та година во Виена. Сега за првпат со изјава во интервју за естрадниот магазин “Бекстејџ” ја слушнавме и неговата сопруга, која инаку е модел.
– Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе, откри таа.
Даниел Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па затоа  веста дека ставиле крај на бракот ја изненади јавноста.
-Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега. После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија, раскажа Димитриевска за “Бекстејџ”.
Таа, исто така најави враќање на моделството и обновување на соработката со модното студио “Црнокрак”, но и откри дека подготвува дуетска песна со Андреј Миске.
-Снимивме песна наменета да ги допре малку сите заљубени, оставени, ќе излезе во септември – кажа Кристина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK