Сцени кои будат тажни сеќавања: Обожавателите на принцезата Дајана тешко дека ќе останат рамнодушни на овие фотографии!

Елизабет Дебицки ја снимаше сцената на последното јавно појавување на принцезата Дајана за серијата „The Crown“, а фотографиите од сетот брзо го обиколија светот.
Актерката Елизабет Дебицки ја толкува улогата на покојната принцеза Дајана во новата сезона на популарната серија „The Crown“ која ги следи настаните во британското кралско семејство.
Поради неверојатната сличност со непрежалената принцеза, Елизабет веќе ја шокираше британската јавност кога протекоа фотографиите од снимањето на сцените во кои Дајана се појавува на една забава во мал, црн фустан, во кој му се одмазди на сопругот Чарлс за невероството.
Сега фотографиите од сетот повторно ја допреа јавноста, и тоа поради сцената која буди тажни сеќавања.


Елизабет ја снимала сцената на последното појавување на принцезата Дајана во јавноста пред нејзината трагична смрт на 31 август 1997 година.
Во светлосин фустан, актерката го рекреирала доаѓањето на Дајана на гала изведбата на Лебедово езеро во лондонската сала Royal Albert Hall на 3 јули истата година кога починала во сообраќајната несреќа во Париз.
Иако Дајана тогаш носела поразлична боја на фустан од брендот „Jacques Azagury“, сепак сличноста е неверјатна, па не е ниту чудно што фотографиите од сетот на серијата за кратко време го обиколија светот.
Петтата сезона на серијата „The Crown“ ќе биде емитувана во ноември годинава, а во неа детално ќе бидат прикажани последните месеци од животот на Дајана, на што нејзините синови Вилијам и Хари остро се противат.
Во претходната сезона во средиштето на настаните се најде приказната за почетоците на романсата на Чарлс и Дајана, а нивното раскинување ќе биде темата на новото продолжение, како и многу веројатно, нејзината љубов со Доди Ал Фајдео.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.