Најголемата српска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ, освојувачот на 21 гренслем-трофеј во кариерата нема план уште колку години ќе игра тенис, откако новинарите во Дубаи го прашаа дали и кога размислува евентуално да се пензионира.
Ѓоковиќ е рекордер по број на недели на првото место, за еден гренслем-трофеј е зад Рафаел Надал, а еден пред веќе пензионираниот Роџер Федерер, во вечната дебата кој е најдобриот тенисер на сите времиња. И додека Надал во последниов период се мачи со повредите, пред сè со синдромот на стапалото, Ѓоковиќ нема посериозни проблеми, па најавува дека ќе игра сè додека е на највисоко можно ниво.