Министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ денеска на прес-конференција рече дека двајцата осомничени ја однеле полицијата на депонијата на која рекле дека го фрлиле телото на девојчето, откако го удриле со автомобил, но според министерот, полицијата има сознанија дека еден од нив на 28 март, два дена по настанот се вратил на депонијата и го пренел телото на друга локација
По веста која ја шокираше Србија, но и регионот дека двегодишната Данка Илиќ, по која се трагаше десет дена е усмртена, српската полиција и натаму трага по телото на девојчето.
Информацијата дека девојчето е убиено првично ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, кој прочита дел од полициско соопштение кое му беше дадено на прес-конференција.
Како што кажа, од она што го разбрал од соопштението двете осомничени лица го признале делото и дека со полицијата ќе одат на местото каде го оставиле телото.
Дел од српските медиуми во меѓувреме повикувајќи се на информации од истрагата објавија дека за смртта на девојчето се уапсени и осомнични лица С.Ј. (50) од селото Лука и Д.Д.(50) од селото Злот, работници во јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, кои со службено возило удриле во девојчето, го ставиле нејзиното тело во автомобилот и потоа го однеле и фрлиле на дива депонија кај местото „Старобањски пат“, кај Бор.
Подоцна денеска министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ на прес-конференција рече дека осомничените детално го опишале делото, но и дека телото на девогодишното девојче сè уште не е пронајдено, пренесува РТС.
Како што изјави тој, полицијата има сознанија дека еден од осомничени на 28 март, односно два дена по исчезнувањето на Данка, се вратил на депонијата каде го отавиле телото на девојчето и го пренел на друга локација.
Гашиќ, кажа и дека на двајцата осомничени им бил извршен полиграфски тест и дека возачот на автомобилот имал задоцнета реакција, а полиграфот покажал реакција и на неговиот сопатник.
„Двајцата не однесоа на депонијата, но имаме информации дека едниот се вратил на 28 март и го пренел телото на девојчето на друга локација. Се обвинуваат меѓусебно“,
изјави Гашиќ.
Истрагата одела во три правци
Според спрскиот министер за внатрешни работи истрагата по исчезнувањето на Данка одела во три правци.
„Не можевме да го исклучиме киднапирањето, детето да го удрило автомобил, како што е случај на крајот и третата можност детето да е живо. Неколку пати разговаравме со мајката. Дали ни беше чудно што по три години дошла во дворот каде имало многу стакло и железо, па да, но моравме да ги добиеме сите информации за потребите на истрагата“,
рече министерот.
Тој посочи дека повеќе од 40 припадници на Управата за криминалистичка полиција со денови биле на терен, а техничките лица и полиграфистите спиеле по два часа за да одговорат на задачите коис е барале од од нив.
„Станува збор за 46 000 логови, таканаречени телефонски броеви. Имаше толку многу промени на базните станици, да се поврзат, да се испитаат, да се види дали некој ја следи мајката во тие моменти или таа комуницира со некого“,
објаснуваше министерот.
Тој вели дека полицијата направила сe што било потребно во истрагата, а на терен биле неколку стотици припадници на сите служби на Министерството за внатрешни работи.
Гашиќ рече дека еден од осомничените – Д.Д. на барање на директорот на претпријатието се вклучил во потрагата по девојчето иако бил знаел дека тоа е мртво.
„Тој ден (26 март) на територијата на Бањско поле влегле 17 возила, а од Бањско поле излегле само две, додека полицијата не пристигнала и ги блокирала патиштата. Ова е важно бидејќи симптоматично било што на 150 метри од местото каде што застанале во дворот на семејството Илиќ, тие 150 метри ги поминаа за пет и пол минути. Како што знаеме, на депонијата биле една минута и 41 секунда“,
рече Гашиќ.
Министерот Гашиќ рече дека осомничените откако ја удриле девојчето со автомобилот се согласиле да го фрлат телото.
„Додека возеле, во 13 часот и 57 минути, таткото на девојчето, кој бил во автомобил, ги запрел и прашал дали го виделе девојчето, тие одговориле негативно“,
рече Гашиќ.
Осомничените возеле по Старобањскиот пат, а при пристигнувањето на депонијата едниот го фрлил телото на детето, додека другиот внимавал некој да не наиде на местот. Потоа се вратиле во фирмата и таму го оставиле возилото.
Хронологија на настаните
Гашиќ на прес-конференцијата даде ретроспектива на настаните, според, како што кажа, информациите со кои располагаат истражните органи.
„Мајката Ивана Илиќ дошла со децата од Бор во 13 часот и 10 минути, си играла со децата и ги фотографирала. Сликите му ги испратила на сопругот во 13 часот и 22 минути, синот и побарал вода, а по неколку минути сфатила дека Данка ја нема. Во 13 часот и 51 минути му се јавила на сопругот, а полицијата пристигнала во 13 часот и 59 минути“,
изјави министерот Братислав Гашиќ.
Во 18:57 часот е активиран системот „Најди ме“, потести тој.
Посочи дека детално го следеле движењето на мајката, и на сите можни лица кои поминале по истата рута.
„Проверивме и кога е направена фотографијата. Тоа беа важни фактори за да добиеме информации колку долго детето било надвор од видното поле на мајката. Начинот на кој функционира системот „Најди ме“ беше објаснет неколку пати и зошто е тоа не се активира веднаш. Минатата година имавме над 600 пријави за исчезнувања, а главно децата се наоѓаат за неколку часа“,
објасни Гашиќ.
Тој изјави дека Данка го напуштила дворот и се движела по асфалтот.
„Околу 13 часот и 50 минути мајката покрај возилото „фиат панда“ во кое се наоѓале осомничените видела бел автомобил и машки лик. Тие рекоа дека биле на работна задача во Бањско поле, да ја проверат шахтата. Нивните движења се снимени на камера“, рече министерот.на полицијата.
рече министерот.на полицијата.
Тој истакна дека подоцна било забележано дека возилото застанало на капијата околу 13:50 часот.
„Возилото во кое се наоѓале С.Ј. и Д.Д., било пред капијата околу две и пол минути, застанале затоа што им требал тоалетот. Потоа тргнале, и го удриле девојчето на 30-40 метри од местото на застанувањето. Автомобилот го управувал Д.Д., а С.Ј. го префрлил телото на девојчето на задното седиште преку алатот. Се договориле да го фрлат телото на девојчето“,
рече Гашиќ.
Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13:45 часот во Бањско Поље кај Бор. Кога исчезнала, била со мајка ѝ и брат ѝ, и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, по првпат во Србија е активиран системот „Најди ме“.
Во потрагата по Данка, српското Министерство за внатрешни работи го организира еден од најобемните претреси, во кој беше вклучен целиот регион.
Изминатите денови, специјализирани екипи на Министерството за внатрешни работи на Србија ја пребаруваа околината на куќата, а беше претресена и дива депонија на стариот пат. Исто така, се претресуваат и куќите на оние лица што имаат имот, но не живеат во местото.
Во потрагата беа вклучени и хеликоптери и дронови со термални камери.
Потрагата се прошири и надвор од границите на земјата. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека се трага по девојчето и побара од црногорските граѓани да ја известат канцеларијата на Интерпол во Подгорица доколку имаат информации за исчезнатата Данка Илиќ.
Во исто време истрагата се прошири и во Австрија, а Интерпол распиша жолт аларм за Данка Илиќ. Овој аларм се вклучува за исчезнати лица и претставува глобално полициско предупредување за најблиските на исчезнатото лице, за киднапирања или, пак, за исчезнувања од необјаснети околности.