Сè што треба да знаете за ПМ-10 честичките: Зошто хируршките маски не нè заштитуваат од загадениот воздух?

Не е новост дека воздухот е загаден во повеќе градови и еден од показателите е високата концентрација на ПМ-10 честичките.
Сè што треба да знаете за ПМ-10 честичките: Зошто хируршките маски не нè заштитуваат од загадениот воздух?
Издвојуваме 6 работи што треба да ги знаете за овој загадувач:
1. Големина на ПМ-10 честичките
ПМ-10 честичките се именувани според нивната големина – тие имаат помалку од 10 микрометри. За споредба, човечкото влакно од коса е широко околу 100 микрометри. Додека поголемите честички се спречени на патот до нашиот респираторен систем, на пример во носот, овие честички продираат дури до белите дробови.


2. Состав на честичките
ПМ-10 честичките можат да бидат со различен состав, заедничка им е само големината. Тие се мешавина од чад, саѓи, прашина и киселини со тешки метали.
3. Квалитет на воздухот
Кога концентрацијата на овие честички во воздухот е помеѓу 0 и 20 микрограми на метар кубен, ние велиме дека квалитетот на воздухот е одличен и добар е додека не надмине 40 микрограми. До 50 микрограми е прифатлив, а доколку се надмине 50 можеме да кажеме дека воздухот е загаден. Ако концентрацијата на честички е над 100 микрограми, што често се случува кај нас, велиме дека воздухот е многу загаден.


4. Здравствени проблеми
Долга е листата на здравствени проблеми што може да бидат предизвикани од вдишување ПМ-10 честички. Може да се појави навлегување на отровни материи во крвта, алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми…
5. Хируршката маска не помага
Хируршката маска не е корисна во борбата против ПМ-10 честичките, а корисни се нано маските. Но, нано маските кај нас не се во продажба.
6. Извори на загадување
Постојат бројни извори од кои се појавуваат овие честички – од термоцентралите до автомобилите. Секако, тука се и природните извори, како шумските пожари, па дури и пудрата за лице може да биде еден од загадувачите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.