Таа е единствената водителка која не возврати на критиките на Сергеј Варошлија и ги прифати неговите совети

Во емисијата „Мода“ на водителот и моден гуру Сергеј Верошлија, мета на критика беа доста јавни личности, од пејачки, водителки, блогерки…
Повеќето од нив му се налутија, а по неговите остри критики со ист удар му возвратија преку социјалните мрежи, за потоа да му испратат и тужба на сметка на тоа што јавно ги критикиуваше и опишуваше во својот препознатлив саркастичен стил.
Една од оние кои се најдоа на „тапет“ за критика и тоа неколкупати, беше и ТВ водителката Јелена Спенџарска за која Сергеј исто така не се штедеше да и појасни каде и се недостатоците, од фацијалната експресија, шминката, фризурата, изборот на комбинации.

Но, Јелена за разлика од останатите дами кои се јавни личности, е единствената која не се огласи по неговите остри коментари на сметка на изгледот, барем јавно, туку напротив по некое време ја прифати критиката и го промени она што тој и го посочи.


Па така во едно од поновите изданија на емисијата „Мода“, Варошлија издвои неколку фотографии од Спенџарска за кои ја пофали како се променила, а притоа дополнително и посочи дека многу повеќе и прилега „уличната мода“ односно „street style“ изгледот.
Очигледно Спенџарска научила како да прифаќа критика, а со тоа да биде единствената која помина без тужба и навреди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.