Беки (32) се онесвестила на подот во нејзиниот дом во британскиот град Престон, но нејзината ќеркичка Џесика Киндер не се испаничила.
Дејли Меил пренесува дека девојчето прво се обидело да ја разбуди мајка си со истурање вода врз лицето, а кога тоа не успеало, таа почнала да и дава вештачко дишење.
Девојчето, исто така, повикало брза помош.
Brave schoolgirl, seven, administered CPR to her mother, 32, when she collapsed from a seizure after learning the life-saving technique from YouTube videos
via https://t.co/xRogKdK5iE https://t.co/yeEUeTjAF8— James (@haven1965) December 15, 2019
Мајката кога се разбудила била опкружена со болничари.
-Многу сум горда на неа. Не можам да верувам колку постапи херојски. Мора да била во голем стрес кога се случило тоа, но ме спаси. Зачудувачки е што дете од седум години прави вакво нешто. Таа е мојот херој. изјави Беки.
Никому не беше јасно како девојчето знаело што да прави, а кога ја прашаа, таа одговори: „Видов на Јутјуб“.