ТАЖЕН КРАЈ НА ЖИВОТОТ ПО СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Во септичка јама пронајдено машко тело

Полицијата во Љубљана добила дојава дека е пронајдено мртво лице во септичка јама во областа Мост при Коменда по големото невреме во Словенија.

Сиљановска: Моето срце е со луѓето во БиХ, останете силни
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку „X“ испрати порака со поддршка до Босна …
Бугарското МНР за патот на Македонија: Процесот на евроинтеграции не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат
„Скопје го прогласи својот главен надворешнополитички приоритет да се приклучи кон европското …
ТАЖЕН КРАЈ НА ЖИВОТОТ ПО СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Во септичка јама пронајдено машко тело

Телото било пронајдено во неделата, нешто по 11 часот.

Како што објавија локалните портали, станува збор за маж, кој наводно загинал додека ги санирал штетите од поплавите.

Според досега прибраните информации, мажот починал кога при работа паднал во јама со отворена шахта, а смртта не е последица на кривично дело, објави 24ур.

Последиците од страшното невреме што ја зафати Словенија најмногу се чувствуваат и се гледаат на северот од таа земја. А едно видео кое се појави на социјалните мрежи буквално крши душа.

Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич вчера објави дека ЕУ го пушти во употреба Механизмот за цивилна заштита на барање на Словенија, поради поплавите што ја погодија таа земја. Ленарчиќ на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, изјави дека на Словенија и треба тешка механизација со оператори и монтажни привремени мостови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.