Тажна вест: Почина Бранко Јаневски, претседател на СДПМ

По кратко и тешко боледување почина претседателот на Социјал Демократската Партија (СДПМ), Бранко Јаневски. До крајот на својот живот тој ја извршуваше функцијата претседател на Социјал Демократската Партија (СДПМ), беше борец за подобар развој на демократијата и особен развој на општествениот, политичкиот и економскиот живот за општото добро на граѓаните. Бранко Јаневски беше позната личност на македонската јавност, сопруг, пожртувувам татко, дедо, пријател…соопшти СДПМ.
Последна почит ќе му биде одадена во сабота на ден 31.08.2019 година, со почеток од 10.00 часот во капелата на гробиштата во Бутел, Скопје.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK