Легендарниот Ал Мекој, човекот со најдолг стаж во НБА лигата почина на 91-годишна возраст.
Славниот радио водител и коментатор долги години ги следеше натпреварите на Феникс кој преку социјалните мрежи се прости од него.
Мекој дел од НБА лигата беше неверојатни 51 година и тоа цело време беше верен на својот Феникс. Првиот натпревар го работеше во 1972 година, а минатата година мораше да се повлече поради староста.
По неговата смрт се огласи и легендарниот кошаркар Чарлс Баркли.
„Тажен ден за семејството Санс“, изјави Баркли.
Во 2009 година Мекој беше примен и во Куќатан а славните, а тоа доволно зборува какво значење имаше за Феникс, но и за целата американска кошарка.