Повеќе од 20 возачи на такси во Милано се парично казнети поради носење на бермуди , иако во тој италијански град веќе со недели е топло со температури до 35 степени целзиусови, пренесуваат италијанските медиуми.
Според прописот усвоен во 2016 година, таксистите не сема да носат кратки панталони, маици без ракави, без разлика на тоа какви се временските услови. Тие исто така не смеат да носат ниту спортска опрема како што се тренерки.
Миланската полиција од почетокот на топлотниот бар казнила околу 20 таксисти, а казната е 110 евра.
Милано е една од светските престолнини на модата, а градските власти сметаат дека сите треба да бидат пристојно облечени, без разлика модните трендови и временските услови.