Вчера во своето такси- возило кај Железничката станица во Скопје од случаен минувач е пронајден починат таксист. Се работи за 58-годишно лице од Скопје, а по извршениот увид е констатирано дека нема траги на насилство.
Телото на починатиот е пронајдено во возило „Фиат Линеа“. Според неофицијални информации човекот претходно имал проблеми со срцето, па се претпоставува дека тоа е причина за смртта.